Проектот е ко-финансиран од
Програмата – Интелегентна Енергија
Европа на Европската унија

ЗА ПРОЕКТОТ

Енергетската сиромаштија не треба да биде проблем, ние треба само да делуваме кон нејзино намалување и отстранување.

Целта на REACH е да придонесе за намалување на енергетската сиромаштија на практично и структурно ниво.
Со овој проект сакаме да ги поттикнеме енергетско сиромашните домаќинства да преземат активности за намалување на сопствената потрошувачката на енергија и да ги променат своите навики , како и да се постави енергетската сиромаштија како прашање кое бара структурни решенија на локално, национално и ЕУ ниво.

READ MORE

Новости

Крајот на проектот REACH

Проектот REACH дојде до својот крај на февруари 28, 2017. Сите проектни партнери се состанаа на финалниот состанок на 24 Февруари во Задар, Хрватска на кој дискутиравме што сме постигнале за време на трите години додека траеше проектот. Исто така ние ги направивме сите наши публикации на сите јазици достапни на нашата веб страна којашто […]

21.03.2017.

Започна последната фаза на проектот REACH

Во минатиот месец започна последната фаза на проектот REACH во кој активностите се фокусираа на сумирање на резултатите од проектот, како и завршување на теренските активности за распределба на останатите пакети на енергетско ефикасни уреди по енергетски сиромашните домаќинства. Беа обработени податоците од посетите кои беа сумирани како би се воочил ефектот на посетите. Исто […]

27.01.2017.

Набавка на енергетско ефикасни уреди за енергетските сиромашни домаќинства

Во месец ноември и декември активностите на проектот REACH се фокусираа на набавката на енергетско ефикасните уреди за 400 енергетски сиромашни домаќинства кои беа вклучени во проектот. Како дел од уредите, беа набавени штедливи светилки, рефлектирачки фолии, продолжни кабли со прекинувачи, изолациони гумени ленти за прозорци, аератори, и др. Зависно од анализата на потрошувачката на […]

28.11.2016.

Прилог на МИМ

На 26 октомври локалниот координатор на РЕАЦХ проектот Жарко Илиевски, дипл.маш.инж. од МАЦЕФ, учествуваше во снимање на прилог на Македонскиот Институт за Медиуми (МИМ). Целта на прилогот е прикажување на состојбата со енергетската сиромаштија во Македонија, нејзино дефинирање, мерки и начини на нејзино искоренување. Се надеваме дека нивниот прилог, во кој се прикажани и податоците […]

28.10.2016.


Да ги поттикне енергетски сиромашните домаќинства да преземат активности кон заштеда на енергија и вода и да ги променат навиките поврзани со нивната потрошувачка.

Публикација


Земји партнери
Наша целна група се енергетски сиромашните домаќинства, локалните организации и институции кои можат да помогнат, како и локалните, државните и ЕУ донесувачи на одлуки во 4-те  земји партнери во проектот. Целта на проектот е да се оформи дефиниција за енергетската сиромаштија, како и да се креираат политики и мерки за намалување и искоренување на истата.

countries_en

Да се пренесат знаењата и вештините од искусните партнери на наставниците, на волонтерите и на енергетските советници, кои пак ќе вршат енергетско советување во енергетски сиромашните домаќинства.

Партнери и контакти

focus
Фокус – Асоцијација за одржлив развој, Словенија
www.focus.si
door
Друштво за креирање на одржлив развој, Хрватска
www.door.hr
energy_plovdiv
Енергетска агенција Пловдив, Бугарија
www.eap-save.eu
macef
Центар за енергетска ефикасност на Македонија, Македонија
www.macef.org.mk
european_union

Проектот е ко-финансиран од Програмата – Интелегентна Енергија Европа на Европската унија

Проектот REACH е спроведен со финансиска поддршка од Европската унија. Содржините прикажани во овој документ потврдуваат целосна одговорност на партнерите во проектот и во ниеден случај не можат да се толкуваат како ставови на Европската унија. Ниту Извршната агенција за конкурентност и иновации (EACI), ниту Европската комисија не се одговорни за било каква употреба на информациите содржани овде.

Повеќе информации за ЕУ: www.ec.europa.eu