Проектот е ко-финансиран од
Програмата – Интелегентна Енергија
Европа на Европската унија

Oбука на партнерите за реализација на енергетското советување по домаќинствата

23.09.2014.
FacebookTwitterGoogle+LinkedIn

Со цел да се споделат знаењата и вештините за енергетското советување меѓу партнерите на REACH проектот како и да се изгради нивниот капацитет за спроведување на обуки на национално ниво, беше одржана еднодневна обука во Љубљана на 25 април 2014 година. Оваа обука беше отворена и за повеќе заинтересирани претставници кои главно доаѓаат од земјите кои имаат аспирации за пристапување во ЕУ, односно оние кои изразија интерес за добивање на обука со цел да го споделат искуството во нивните земји.

За да бидат сигурни дека обуката ги задоволува потребите на слушателите и се обраќа на спецификите во националните средини, меѓу партнерите е извршена проценка на потребите за обука на партнери. Врз основа на процената на потребите на партнерите беше оформена програмата за обука. Обуката се состоеше од куса работилница за учесниците и спроведување на практична посета на едно домаќинство.

Материјалите од обуката се достапни тука: