Проектот е ко-финансиран од
Програмата – Интелегентна Енергија
Европа на Европската унија

ПОЧНАВМЕ ДА ДЕЛУВАМЕ!

30.01.2015.
FacebookTwitterGoogle+LinkedIn

Настанот во Љубљана, наречен „Енергетска сиромаштија во Европа: состојба и решенија“, го одбележа стартот на проектот REACH. Овој настан, организиран во рамките на REACH проектот, одржан на 24 април 2014 година, имаше за цел размена на информации, знаења и искуство од областа на енергетската сиромаштија на ниво на ЕУ, но со фокус на некои од новите земји членки на унијата.

На ден пред почетокот на настанот, беше организирана средба за проектните партнер – организации. Дискусијата во најголем дел беше фокусирана на претстојните чекори и активности за имплементација на проектот. Исто така, учесниците дискутираа околу дефинирањето на енергетската сиромаштија на регионално ниво и справувањето со енергетската сиромаштија на структурно и на практично ниво. За време на обуката која беше составен дел од почетниот состанок на проектот, проектните партнери и професионалците кои работат во енергетскиот сектор го претставија проблемот на енергетската сиромаштија и разменија знаење и искуство.

Бренда Бордман (Универзитет Оксфорд), Лара Блејк (Генералниот директорат за енергија) и Стефан Бужаровски (Универзитет Манчестер) одржаа презентации за низа проблеми кои се поврзани со проблемот со енергетската сиромаштија. Барбара Калкер (Каритас Франкфурт), Сузана Кирали (Енергија клуб) и Васил Златев (Агенција за енергетика на Пловдив) презентираа пристапи на веќе завршени проекти во справување со енергетската сиромаштија на практично ниво.

Средбата и настанот беа успешни. Многу нови идеи беа презентирани при што новите информации открија нови начини кои може да помогнат во решавањето на проблемот со енергетската сиромаштија.

Ги очекуваме следните чекори коишто проектот REACH ќе ги преземе во иднина!