Проектот е ко-финансиран од
Програмата – Интелегентна Енергија
Европа на Европската унија

Споделување на знаењата и достигнувањата на ЕУ во поглед на енергетската сиромаштија

30.01.2015.
FacebookTwitterGoogle+LinkedIn

Се претпоставува дека помеѓу 50 и 125 милиони граѓани на ЕУ (околу 10-25%) се енергетски сиромашни. Ситуацијата е уште потешка во Источна Европа: 30% или дури и повеќе домаќинства се борат со енергетската сиромаштија. ЕУ работи за решавање на проблемот со енергетската сиромаштија, но некои важни елементи се уште се непознати, како што е на пр. дефиницијата на она што претставува енергетско сиромашно домаќинство, а недостасува и редовно следење на обемот и длабочината на енергетската сиромаштија и јасна политика против енергетската сиромаштија на ниво на ЕУ.

Ова е причината зошто една од првите чекори на REACH проектот беше да се организира настан, во кој партнерите на проектот и останатите заинтересирани страни ќе можат да разменуваат информации, знаења и искуства од областа на енергетската сиромаштија на ниво на ЕУ. Настанот се одржа во Љубљана на 24 април 2014 година, а во фокусот беа некои од новите земји-членки на унијата. Главните прашања на настанот беа дефиницијата на енергетската сиромаштија, дефинирање на структурните приоди во борбата против енергетската сиромаштија и изнаоѓање на практичните решенија за енергетската сиромаштија. На настанот беше предвидено присуство на презентери со широки познавања и достигнувања на ова поле.

Веќе завршените активности за справување со енергетската сиромаштија на практично ниво, беа презентирани од страна на:

Активности за справување со енергетската сиромаштија на структурни ниво беа презентирани од страна на:

  • Lara Blake од Internal Market III: Retail markets; coal & oil, Directorate-General for Energy.
  • Stefan Buzarovski, Director of the Centre for Urban Resilience and Energy at University of Manchester кој се осврна на спецификите на енергетската сиромаштија на Балканот.
  • Brenda Boardman од Environmental Change Institute at University of Oxford се осврна на дефинициите и димензиите на енергетската сиромаштија во Европа.