Проектот е ко-финансиран од
Програмата – Интелегентна Енергија
Европа на Европската унија

Eнергетската сиромаштија во пилот регионите

30.01.2015.
FacebookTwitterGoogle+LinkedIn

Утврдување на вистинските домаќинства, начините и каналите за пристапување до нив и ангажирање на вистинските актери е важен предизвик. Локалните состојби се разликуваат и тоа е причината зошто на секоја од целните области и треба соодветно истражување. REACH партнерите се здружија со локалните актери за да дознаат што функционира најдобро за секој од пилот регионите.

Активностите на проектот REACH опфаќаат пет пилот региони: градот Пловдив во Бугарија, округот Сисак во Хрватска, градот Скопје во Македонија и регионот на Помурје и Засавје во Словенија. Во секоја од овие пилот области партнерите и локалните засегнати страни ги истражија локалните состојби во однос на енергетската сиромаштија, за да го разберат обемот и длабочината на проблемот во оваа област. Преку консултации со локалните актери и целни групи, беа дизајнирани локални планови за комуникација со домаќинствата.

Состојбата со енергетската сиромаштија во одделните пилот области може да се увиди преку:

градот Пловдив во Бугарија (документ на бугарски јазик)
округот Сисак – Мославина во Хрватска (документ на англиски јазик)
градот Скопје во Македонија (документ и на македонски јазик)
• регион Засавје во Словенија (документ на словенечки јазик)
• регион Помурје во Словенија (документ на словенечки јазик).