Проектот е ко-финансиран од
Програмата – Интелегентна Енергија
Европа на Европската унија

Остварени контакти со социјалните актери

31.01.2015.
FacebookTwitterGoogle+LinkedIn

logo Crven krst REACH logo Mobilnost Skopje

 

Активностите на проектот REACH во јануари 2015 се концентрираа на промовирање и повеќестрано ширење на информациите за неговото делување кај организациите и институциите кои работат со социјалните категории на граѓани. Во таа насока, беше остварен контакт со Црвениот крст на Град Скопје, Мобилитас Скопје – здружение за хендикепирани лица, и неколку пензионерски организации на локално ниво. На овие средби се договорија и начините за комуникација на овие организации со енергетски сиромашните домаќинства со цел остварување на зацртаните цели на проектот. Во истиот период беше контактирано и со неколку технички училишта од регионот на Скопје. Претставниците на училиштата беа заинтересирани за учество во проектните активности со што и би се придонело за зголемување на знаењата и нивото на комуникација на учениците од овие училишта.