Проектот е ко-финансиран од
Програмата – Интелегентна Енергија
Европа на Европската унија

Проект REACH – Подготовка на прирачник за енергетски советници

27.02.2015.
FacebookTwitterGoogle+LinkedIn

Во месец февруари активностите на проектот REACH беа насочени кон подготовката на прирачникот за енергетски советници со цел негово адаптирање на македонските услови и стандарди. Како дополнителна активност на проектот е и подготовката на планот на предавања за енергетски советници кој ќе се спроведува со присуство на учениците на „ЕТУЦ“ СУГС „Михајло Пупин“ чиешто раководство покажа голема поддршка кон целите на проектот. Во февруари веќе се пријавени и првите заинтересирани домаќинства за учество, со што полека, но сигурно се заокружува процесот за спроведување на посетите. Се надеваме дека во месец март веќе ќе може да ги забележиме и првите посети по домаќинства со што проектот ќе ја покаже својата практична улога.