Проектот е ко-финансиран од
Програмата – Интелегентна Енергија
Европа на Европската унија

Обуки за енергетски советници во средното стручно училиште „Михајло Пупин“ – Скопје

31.03.2015.
FacebookTwitterGoogle+LinkedIn

Во втората половина на месец март, во рамките на проектните активности на проектот „Намалување на користењето на енергијата со менување на навиките“ (кр. REACH) се одржаа неколку двочасовни предавања во присуство на ученици од од средното електротехничко училиште на Град Скопје „Михајло Пупин“. Обуките беа реализирани за надградување на веќе стекнатите знаења од областа на енергетската ефикасност на слушателите со цел истите да бидат обучени да бидат енергетски советници во енергетски сиромашните домаќинства.

Неколкудневната обука беше остварена во просториите на СЕТУГС „Михајло Пупин“, кои покажаа голема поддршка и интерес за обуката, а истата ја реализираа членови на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ кои се вклучени во проектот.

Предавањата се осврнаа на сите оние теми кои ја вклучуваат потрошувачката на енергија и вода во домаќинствата, при што беа наведени можните начини за заштеда на енергија преку енергетско ефикасни мерки кои вклучуваат уреди но и менување на навиките на корисниците. Еден дел од обуката го опфати и делот на меѓучовечките комуникации како основен предуслов за успешност на планираните посети на енергетски сиромашните домаќинства.

Според проектните активности, во месец мај е планирано започнување на посетите, со што ќе се започне со реализација на временска најдолгата активност од самиот проект.