Проектот е ко-финансиран од
Програмата – Интелегентна Енергија
Европа на Европската унија

Трет проектен состанок на REACH проектот

29.05.2015.
FacebookTwitterGoogle+LinkedIn

Трет проектен состанок на REACH проектот

Соодветно на планираните активности, на 13 и 14 мај во хотелот ИБИС се одржа третиот проектен состанок од проектот REACH. На овој состанок присуствуваа претставници на партнерските организации: НВО ФОКУС Словенија, НВО ДООР Хрватска, НВО ЕАП Бугарија и домаќинот Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ.

Дводневната програма на состанокот пред се го опфати прегледот на завршените, тековните и идни активности на проектот и определување на временските рамки за завршување на истите. Беа разгледани сите работни пакети заедно со веќе постигнатите, а се дадоа насоки за навремено постигнување на тековните и идните.

Воедно, партнерите посебен интерес и време посветија на усовршување на актуелните активности на проектот кој ги опфаќа планираната теренска работа со посета по домаќинствата, како и начините за поголема промоција на проектот меѓу ранливите домаќинства. Општа забелешка од состанокот е дека е потребно поголем ангажман кон медиумска промоција на целта на проектот, како и иновативна начини за промоција кај загрозените домаќинства.