Проектот е ко-финансиран од
Програмата – Интелегентна Енергија
Европа на Европската унија

Подготовка на потребни документи за целите на REACH

30.06.2015.
FacebookTwitterGoogle+LinkedIn

Активностите на проектот REACH изминатиот месец беа реализирани со цел изготвување на потребните документи согласно работниот план. Во таа насока, членовите на МАЦЕФ кои се дел од овој проект ги изготвија редовните полугодишни извештаи за веќе спроведените активности, административните протоколи и соодветните документи од предметната проблематика. Во тек е привршувањето на прирачникот за енергетски советници кој подоцна треба да биде одобрен од соодветното тело на Македонското министерство за образование и наука. Во таа насока паралелно ќе се приготвува информатор за останатите средни училишта којшто ќе има и едукативен и промотивен карактер. Во тек се и првичните активности за подготовка на краток видео клип кој ќе се реализира за целите на промоција кај домаќинствата учесници кои се предмет на овој проект, но и пред пошироката јавност.