Проектот е ко-финансиран од
Програмата – Интелегентна Енергија
Европа на Европската унија

Акциски план за намалување на енергетската сиромаштија на национално ниво

31.07.2015.
FacebookTwitterGoogle+LinkedIn

Активностите на проектот REACH во месецот јули беа фокусирани на подготовка на два документи кои се основа за планирање на подоцнежните активности во проектот. Едниот од документите претставува Акциски план за намалување на енергетската сиромаштија на национално ниво, додека вториот документ претставува Акциски план на ниво на земји учеснички во проектот. Првиот се подготвува од страна на претставниците на МАЦЕФ, додека вториот документ претставува документ кој во една целина ги соединува македонските и меѓународните искуства во борбата против енергетската сиромаштија. Во тек се посети и на првите 100 енергетски сиромашни домаќинства кои се пријавени во проектот од страна на енергетските советници од ЕТУЦ „Михајло Пупин“.