Проектот е ко-финансиран од
Програмата – Интелегентна Енергија
Европа на Европската унија

Подготовка на наративни и финансиски извештаи за активностите на проектот

30.08.2015.

Во месец август активностите на проектот REACH беа насочени кон подготовка на административниот извештај за досегашниот тек на проектот со крајна цел комплетно следење на сите планирани цели и резултати. Во таа насока, од страна на МАЦЕФ беше подготвен наративен извештај за досега постигнатото, како и финансиски извештај за досега користените средства за нормално функционирање на проектот. Освен ова, активностите на проектот ги опфатија и планирањето за набавка на енергетско ефикасните уреди коишто ќе бидат поделени на енергетски сиромашните домаќинства.