Проектот е ко-финансиран од
Програмата – Интелегентна Енергија
Европа на Европската унија

Промотивни материјали за REACH проектот

30.09.2015.
FacebookTwitterGoogle+LinkedIn

Во месец септември беше завршен првиот извештај за активностите на проектот REACH кој што ја прикажува динамиката на остварување на активностите и финансиските трошоци во однос на истите активности. Исто така, беа извршени подготовките за претстојниот состанок на партнерите на проектот кој ќе се одржи во почетокот на октомври во Загреб, Р. Хрватска.

Најголемиот дел на планираните активности и соодветно добиените резултати за предметниот период се веќе завршени при што остануваат да се дозавршат активностите кои реално бараат повеќе време и човечки ресурси.

Во следниот период е планирано снимање на промотивни материјали (краток видео запис) којшто ќе ги опфати целите на проектот, додека во следниот период од половина година ќе се реализира и снимање на подолг видео запис за посетите на енергетски сиромашните домаќинства во кој ќе се прикажат искуствата со проектот од неколку агли.