Проектот е ко-финансиран од
Програмата – Интелегентна Енергија
Европа на Европската унија

Состанок на проектот REACH во Загреб

24.10.2015.
FacebookTwitterGoogle+LinkedIn

На 13 и 14 октомври во Загреб се одржа проектниот состанок на партнерите од REACH проектот. На проектниот состанок се разговараше за тековните активности на проектот и за креирање на плановите за ширење на политиките кои ги промовира проектот. Во програмата на состанокот се најдоа и дефинирање на индикаторите кои треба да се постигнат со активностите на проектот. На состанокот присуствуваа партнерите ФОКУС  од Словенија, ДООР од Хрватска, Енергетска агенција – Пловдив од Бугарија и МАЦЕФ од Македонија.