Проектот е ко-финансиран од
Програмата – Интелегентна Енергија
Европа на Европската унија

Активности на проектот REACH

30.11.2015.
FacebookTwitterGoogle+LinkedIn

Во месец ноември активностите во проектот REACH беа во целост сконцентрирани на изборот на институцијата и подготовката на договор за експертски услуги во делот на организација на посети на енергетски сиромашните домаќинства. За таа цел, беа одржани неколку состаноци со релевантните институции кои работат во секторот на социјална работа со енергетски сиромашни домаќинства со цел да се изнајде модел за спроведување на најголемиот дел на посетите кај овие домаќинства. Ова се дел од работните активности планирани во работниот пакет 4. Исто така, минатиот месец се одржа и редовниот интернет состанок меѓу партнерите во проектот кој имаше за цел планирање на следните чекори во реализацијата на проектот, првенствено подготовката на промотивната конференција за проектот РЕАЦХ  во Брисел, но и за останатите тековни случувања.