Проектот е ко-финансиран од
Програмата – Интелегентна Енергија
Европа на Европската унија

Подготовка на документот “Препораки за борба со енергетската сиромаштија“

27.01.2016.
FacebookTwitterGoogle+LinkedIn

Во месец јануари, најголем дел од активностите на проектот REACH беа концентрирани на подготовката на документот „Препораки за борба против енергетската сиромаштија“. Овој документ треба да ги содржи сите релевантни препораки кон државните тела, невладиниот сектор и сите заинтересирани страни кои можат да се вклучат во борбата против енергетската сиромаштија. За неговата подготовка, анализирани се повеќе домашни и странски искуства, додека предлозите и препораките се изведени согласно постоечката ситуација во нашата земја.

Исто така, во средината на јануари се одржа и редовниот он-лајн состанок меѓу партнерите во проектот каде беа воочени досегашните активности и дефинирани активностите за следните неколку месеци според работниот план на проектот. Во месец јануари се остварија и неколку состаноци со Црвениот крст на Гази Баба, со кои МАЦЕФ остварува соработка на овој проект. Веќе е во план втората обука на енергетски советници коишто ќе ги посетуваат енергетско сиромашните домаќинства. Таа е планирана да се одржи при крајот на февруари или почетокот на март.