Проектот е ко-финансиран од
Програмата – Интелегентна Енергија
Европа на Европската унија

Определување на организација која ќе ги придружува енергетските контролори при посета на енергетски сиромашните домаќинства

26.02.2016.
FacebookTwitterGoogle+LinkedIn

Минатиот месец беше исполнет со активности на дефинирање на повикот за експерт за социјална работа со кој ќе се определи организацијата која ќе ги придружува енергетските контролори при посетите кои ќе се остварат во енергетски сиромашните домаќинства во месец март, април и мај. Беа подготвени сите документи од повикот и испратени до релевантните организации  кои работат во сферата на социјалните работи. Се очекува до средината на месец март, понудите да бидат разгледани и да биде избрана онаа организација која ќе има најдобра понуда. Во месец февруари беа дефинирани и комплетирани сценаријата за сите три видео клипови кои се планирани за изработка во состав на медиумската кампања за проектот REACH со што се тие конечно може да бидат и реализирани. Минатиот месец се започнати и подготовките за подготовка на повикот за набавка на ЕЕ уреди кои ќе бидат делени по домаќинствата. Се очекува до средината на март овој повик да биде подготвен и соодветно испратен до сите релевантни понудувачи. Активностите минатиот месец опфатија и подновување на македонскиот дел од веб страната на REACH проектот.