Проектот е ко-финансиран од
Програмата – Интелегентна Енергија
Европа на Европската унија

Проект REACH- Подготовка на извештајот за напредокот на активностите

29.04.2016.
FacebookTwitterGoogle+LinkedIn

Во месец април, активностите на проектот REACH се концентрираа на подготовката на документите од тендерската документација за набавка на енергетско ефикасните уреди кои ќе бидат доделени при посетите на енергетско сиромашните домаќинства. Покрај тоа, во месец април се вршеа подготовките за втората сесија на обуки на енергетските советувачи, ученици од ЕТУЦ  „Михајло Пупин“. Дополнително во април е започната и подготовката на видео клиповите за промоција на проектните активности. Како дел од веќе прифатениот план за работа, кон крајот на месецот е започнато со подготовка и на Вториот извештај за напредокот на проектните активности кој треба да се достави до средината на месец мај 2016.