Проектот е ко-финансиран од
Програмата – Интелегентна Енергија
Европа на Европската унија

Петти проектен состанок на проектот РЕАЦХ во Брисел

30.05.2016.
FacebookTwitterGoogle+LinkedIn

На 30 и 31 мај минатиот месец, се одржа дводневниот проектен состанок на проектот „Намалување на потрошувачката и менување на навиките“ кој овој пат се одржа во Брисел. Како и на секој досегашен состанок, претставниците на партнерите од четирите земји од ЈИЕ Словенија, Хрватска, Македонија и Бугарија ги изложија досега завршените активности, како и плановите за идниот 6 месечен период. На овој состанок учествуваа и г-ѓа Марија Лагуна, одговорен проектен советник од ЕАСМЕ, како и г-ѓа Зенаиде Паоли, советник за финансии. Од страна на г-ѓа Лагуна беа презентирани начинот и правилата за дејствување на партнерските организации во проектот, додека г-ѓа Паоли се задржа на финансиските аспекти.

Проект РЕАЦХКонференција Енергетска сиромаштија во ЈИЕ

Во просториите на Европскиот парламент во Брисел, на 1 Јуни 2016 се одржа конференцијата „Енергетска сиромаштија во ЈИЕ“ која се одржа во организација на РЕАЦХ проектот.

На конференцијата, г-ѓа Лидија Живчич, проектен раководител на РЕАЦХ проектот го претстави проектот со сите досегашни завршени активности при што прикажа и неколку видео материјали кои се дел од веќе завршените активности на проектот. Во вториот дел на конференцијата, се одржа панел дискусија на која присуствуваа еминентни имиња кои работат во сферата на енергетската сиромаштија меѓу кои и Проф.д-р Стефан Бужаровски, професор на Универзитетот во Манчестер. Исто така, во панел дискусијата учествуваа и г-дин Оскар Гуинеа од Генералниот директорат за енергија, како и г-ѓа Каталин Счиба советник за социјален прашања при Европскиот парламент, како и г-дин Давор Шкрлец (модератор) и претставник на Хрватска во Европскиот парламент.