Проектот е ко-финансиран од
Програмата – Интелегентна Енергија
Европа на Европската унија

Сумирање и анализа на податоците добиени од енергетските советници

28.06.2016.
FacebookTwitterGoogle+LinkedIn

Во месец август посетите на енергетски сиромашните семејства во град Скопје беа со намален интензитет, заради заслужениот летен одмор на енергетските советници – ученици од ЕТУЦ „Михајло Пупин“. Тимот на МАЦЕФ во месец август направи сумирање и анализа на податоците добиени од енергетските советници. После направента анализа  се добие глобална слика на потрошувачката на енергија во посетените енергетски сиромашните домаќинства и беа предвидени соодветни мерки кои би биле предложени до одговорните органи во нашата земја. Во следниот период ќе бидат реализирани следните проектни активности:1.посети на останатите 150 домаќинства за да се постигне предвидената бројка од 400 домаќинства по регион и 2.изработка на вториот промотивен видео клип за проектот РЕАЦХ во Македонија.