Проектот е ко-финансиран од
Програмата – Интелегентна Енергија
Европа на Европската унија

Проект РЕАЦХ – Обука на енергетски советници

29.06.2016.
FacebookTwitterGoogle+LinkedIn

На 9 и 10 јуни 2016, во просториите на ЕТУЦ „Михајло Пупин“ се одржа вториот циклус обуки за енергетски советници, којшто е дел од активностите на проектот „Намалување на потрошувачката на енергија и менување на навиките“ (акр.REACH). На оваа обука, која ја изведе тимот на МАЦЕФ, присуствуваа 11 ученици од 2 година на насочено средно образование – електротехника и автоматика. На обуката беа прикажани презентации кои ги опфатија темите енергетика, енергетска ефикасност, мерки за енергетска ефикасност, комуникација, енергетско советување, анкетни листи и софтвер за пресметка на заштеди во домаќинства.

Согласно распоредот за проектните активности, од 13 јуни започнаа посетите на домаќинствата од страна на енергетските советници, при што за секое домаќинство се пополнува по еден анкетен лист и со помош на софтверската алатка се пресметува заштеда на енергија и вода во домаќинството соодветно на превземените ЕЕ мерки. Енергетските советници се придружувани од членови на Црвениот крст на општина Гази Баба со цел посета на енергетски сиромашните домаќинства. Посетите се планирани да траат до 10 август 2016 година.