Проектот е ко-финансиран од
Програмата – Интелегентна Енергија
Европа на Европската унија

Продолжуваат активностите на проектот REACH

28.07.2016.
FacebookTwitterGoogle+LinkedIn

Во месец јули продолжија активностите со проектот REACH со посета на енергетски сиромашните домаќинства во град Скопје. За време на месец јули се планирани и остварени посети на околу 250 домаќинства од страна на енергетските советници – ученици од ЕТУЦ „Михајло Пупин“. Освен остварените посети, од страна на енергетските советници се пополнети и обрасците во софтверската алатка на РЕАЦХ проектот, модул којшто ќе прикаже реална заштеда на енергија и вода кај домаќинствата кои се посетени.

Во исто време, во процес на изработка е и вториот промотивен видео клип за проектот РЕАЦХ во Македонија кој се очекува да биде завршен до крајот на месец август.

Тимот на МАЦЕФ во месец август ќе ги анализира податоците добиени од енергетските советници со цел да се добие глобална слика на потрошувачката на енергија во енергетски сиромашните домаќинства и со тоа да предвиди дополнителни мерки кои би биле предложени до одговорните органи во нашата земја.

Во план за месец август е и прибирањето на вториот круг на понуди за набавка на енергетски ефикасните уреди за заштеда на енергија и вода.