Проектот е ко-финансиран од
Програмата – Интелегентна Енергија
Европа на Европската унија

Набавка на енергетско ефикасни уреди за енергетските сиромашни домаќинства

28.11.2016.
FacebookTwitterGoogle+LinkedIn

Во месец ноември и декември активностите на проектот REACH се фокусираа на набавката на енергетско ефикасните уреди за 400 енергетски сиромашни домаќинства кои беа вклучени во проектот.

Како дел од уредите, беа набавени штедливи светилки, рефлектирачки фолии, продолжни кабли со прекинувачи, изолациони гумени ленти за прозорци, аератори, и др. Зависно од анализата на потрошувачката на енергија и вода, на секое домаќинство ќе му се додели пакет со горенаведените уреди со кои ќе може да ја намали потрошувачката. При тоа, на домаќинството ќе му биде доделен и прирачник со цел подигање на свеста кај членовите на овие домаќинства за ефикасна потрошувачка на енергија. Планираните активности за посета на овие домаќинства ќе се одвиваат и во месец јануари.