Проектот е ко-финансиран од
Програмата – Интелегентна Енергија
Европа на Европската унија

Започна последната фаза на проектот REACH

27.01.2017.
FacebookTwitterGoogle+LinkedIn

Во минатиот месец започна последната фаза на проектот REACH во кој активностите се фокусираа на сумирање на резултатите од проектот, како и завршување на теренските активности за распределба на останатите пакети на енергетско ефикасни уреди по енергетски сиромашните домаќинства. Беа обработени податоците од посетите кои беа сумирани како би се воочил ефектот на посетите. Исто така, за потребите на проектот, беше направена и телефонска анкета со цел да се види искуството на домаќинствата со ваквиот тип на помош којшто е доделен од страна на проектот REACH. Добиените информации од анкетата се внесени во веб дизајнирана програма со цел споредување на анкетите од домаќинствата од четирите земји учеснички во проектот. Во тек е оценување на ефектите од проектот во вид на заштеди на енергија и поради тоа крајот на месец јануари беше исполнет со оваа активност. Би сакале да ја најавиме и тркалезната маса за енергетска сиромаштија која е планирана да се одржи кон средината на месец февруари со цел запознавање на сите инволвирани страни за ефектите од проектот РЕАЦХ.