Проектот е ко-финансиран од
Програмата – Интелегентна Енергија
Европа на Европската унија

ЗА ПРОЕКТОТ

Што значи енергетската сиромаштија и кого го засега ?

Енергетската сиромаштија претставува ситуација во која домаќинството има тешкотии, понекогаш дури и неспособност, за да може да си ги задоволи основните потреби од енергија.
Таа најмногу ги погодува домаќинства со ниски приходи – пензионери, оние со невработени или слабо платени членови на домаќинството и оние кои зависат од социјалните бенефиции. Нивната економска неповолност често се совпаѓа и со лошата енергетска ефикасност на нивните домови. Главните потреби на овие домаќинства се доволно топлина за здрав живот и доволно енергија за удобно живеење.

Што се случува со енергетската сиромаштија во ЕУ?

Иако ЕУ е еден од најразвиените подрачја во светот, се претпоставува дека меѓу 50 и 125 милиони граѓани на ЕУ живеат во услови на енергетска сиромаштија. Ситуацијата е можеби уште потешка во земјите-членки од Источна Европа. Во поголемиот дел од новите земји-членки дури и 30% од домаќинствата се борат со товарот на енергетската сиромаштија.

Како може проектот REACH да помогне?

Проектот REACH сака да се соочи со овој проблем и да им покаже на луѓето кои се борат со енергетската сиромаштија дека можат да се заштедат пари доколку се заштеди одредео ниво на енергија.

За да се постигне оваа цел, ние мора да се преземеме два основни чекори:

  • Првиот чекор е да се поттикнат енергетски сиромашните домаќинства да заштедат енергија и да ги сменат навиките за користење на истата.
  • Вториот чекор е да се воспостави енергетската сиромаштија како прашање што бара политики и мерки скроени на локално, национално и ЕУ ниво.

Со овие два големи чекори проектот ги соочува следниве конкретни проблеми, пазарни бариери и потреби на корисниците:

  • на енергетската сиромаштија не се гледа како на проблем и оттаму таа ниту се дефинира, ниту се следи,
  • недостаток на прилагодени политики и мерки за домаќинствата кои се соочуваат со овој проблем,
  • енергетски сиромашните домаќинства недоволно ги познаваат практичните чекори за да се намали нивната употреба на енергијата (и сметките).

Затоа и акронимот REACH претставува:

Reduce Energy use And Change Habits

„Намалување на користењето на енергијата и менување на навиките“

REACH ќе се надгради на успехот на проектот ACHIEVE чија цел беше да придонесе кон создавањето на практични и структурни решенија за намалување на енергетската сиромаштија во Европа. Базирајќи го својот пристап на најдобрите практики низ Европа, ACHIEVE ги идентификуваше домаќинствата кои се најранливи на енергетската сиромаштија и работеше со нив за да се имплементираат соодветните чекори за намалување на непотребната употреба на енергија и трошоците.
Енергетски сиромашните домаќинства претставуваат важно прашање за кое треба внимание, бидејќи многу луѓе се борат со високите сметки за енергија и недостатокот на знаење за спречување на тој проблем.
Енергетската сиромаштија не треба да биде проблем, ние треба само да делуваме кон нејзино намалување и отстранување.