Проектот е ко-финансиран од
Програмата – Интелегентна Енергија
Европа на Европската унија

Активности

Енергетската сиромаштија е сериозен проблем кој се зголемува од ден на ден. Повеќето земји од ЕУ имаат воспоставено некој вид на механизам за промовирање на енергетската ефикасност, но овие механизми се главно за оние кои можат да направат некакви инвестиции. Од друга страна, во повеќето од земјите од ЕУ постојат субвенции кои се достапни за сиромашните домаќинства. Сепак, во повеќето случаи, ваквите субвенции изискуваат  премногу сложена барања и обемна документација.

Програмите за општото подигнување на свеста, за информирање или финансиската помош  не ги задоволуваат потребите на енергетско сиромашните домаќинства. Затоа е потребно да се прилагодат  овие механизми со повторно согледување на комуникацијата, советувањето и поддршката за домаќинствата кои се соочуваат со овој проблем.

Со оглед на овие фактори, REACH нуди низа активности кои ќе помогнат во справувањето со овие механизми и да се најдат нови решенија за енергетски сиромашните домаќинства и нивните потреби.

REACH ќе се фокусира на:

  • преглед на состојбата во областа на енергетската сиромаштија на национално ниво во земјите партнери, како и на локално ниво во пилот областите. Првично, проектот ги запознава партнерите со предизвиците на енергетската сиромаштија и решенијата во различни земји на ЕУ со цел да им помогне да добијат увид од областа на енергетската сиромаштија.
  • пренесување на знаењата и вештините од искусните партнери на наставниците, волонтерите и енергетските советници, кои пак потоа ќе вршат енергетско советување во енергетски сиромашните домаќинства.
  • активности кои што се потребни за да се посетат енергетски сиромашните домаќинства и да ги поттикне да ја намалат нивната потрошувачка на енергија и на вода. Овој процес вклучува бесплатно советување во врска со потрошувачката на енергија и наменски совети за користење на енергијата во енергетски сиромашните домаќинства.
  • воспоставување на енергетската сиромаштија како политичкo прашање  на кое што му требаат структурни и наменски решенија. Ќе бидат обезбедени политички препораки на национално и на ниво на ЕУ,  при што ќе се воведат и спој на активности за енергетската сиромаштија да се постави  на националната и ЕУ политичка агенда.