Проектот е ко-финансиран од
Програмата – Интелегентна Енергија
Европа на Европската унија

Земји

Бугарија: реонот на градот Пловдив

Последните настани во Бугарија покажаа дека голем дел од населението се соочува со потешкотии кога ги плаќа сметките за електрична енергија. Исто така, и статистиките покажуваат дека проблемот со енергетската сиромаштија е тешка во Бугарија: ако дефиницијата за енергетската сиромаштија од Велика Британија се примени во Бугарија, тогаш повеќе од 75% од бугарските домаќинства треба да се сметаат за енергетски сиромашни.

Секоја година во реонот на градот Пловдив повеќе од 9 000 домаќинства се пријавуваат за социјално финансирање за да бидат во можност да си ги платат сопствените сметки за енергија во текот на зимата. Повеќе од 20% од нив се одбиени, а голем број домаќинства не можат да аплицираат за финансирање поради одредени административни критериуми. Постојат две стручни училишта во градот Пловдив кои се специјализирани во енергетски системи, употреба, апарати, итн, кои што можат да ги користат проектните решенија. На учениците им недостасува практична работа за дополнување на теоретските наставни програми. Социјалните работници, исто така, имаат потреба стручност и знаење за енергетската сиромаштија, како да ја препознаат и како да постапат кога ќе се соочат со таква ситуација.

Хрватска: Регион Сисак-Мославина

Округот Сисак-Мославина опфаќа 6 градови, 13 општини и 179,087 луѓе. Клучните развојни  прашања во округот се нееднаквата распределба на населението и нееднаквата стапка на развој помеѓу различните делови на округот. Во округот постои и висока стапка на невработеност од 27,4% која е со постојан раст. Просечниот личен доход во округот во 2011 година беше 5041 куни (прибл. 670 евра) со над 10% од приходите кои се користат за да се покријат трошоците за енергија. Со оглед на сите податоци, евидентно е дека во округот постои висок ризик за енергетска сиромаштија.

Оваа активност во голема мера може да биде корисна за избраната област, како начин да се зголеми свеста и да се промовираат нискобуџетните мерки за заштеда на енергијата. Градот Сисак, како главен град на округот, е национален пионер во иницијативите за управување со енергијата и на тој план има спроведено значителни активности од 2005 година па до денес градејќи многу партнерства, како на национално, така и на меѓународно ниво. Граѓаните се информирани за важноста на енергетската ефикасност и заштедата на енергија и на тој начин веројатно ќе реагираат добро на активностите од проектот.

Македонија: регионот на градот Скопје

Не постојат официјални статистички податоци за енергетската сиромаштија во Македонија, па затоа е тешко да се процени обемот на проблемот. Сепак, 20,000 домаќинства (4%) ги користат владините субвенции за намалување на енергетската сиромаштија, податок кој дава индикација дека проблемот не е маргинален.

Употребата на електричната енергија во целниот регион е висока поради неефикасните и дотраени  домашни апарати и недоволното познавање на ефикасното користење на енергијата. Целната група вклучува домаќинства со пензионери, со хендикепирани лица, со лица со ниски приходи кои не се во можност да ги платат сметките за електрична енергија. Проблемот може да се реши преку активности со ширење на знаењето за ефикасно користење на енергијата и правилната употреба на електричните апарати.

Словенија: регионите Засавје и Помурје

Регионите Засавје и Помурје беа избрани затоа што се најмалку развиените региони во Словенија со акутни социјални и економски проблеми. Тие ги имаат највисоките стапки на невработеност (Помурје 19,3%, Засавје 16,5% во споредба со националниот просек од 13,6%), како и најниска просечна плата во Словенија. Регионот Засавје се соочува со уште еден проблем: во минатото ова бил рударски регион, па како што рудниците постепено се затвораат, така се намалуваат и  можностите за вработување.

Во регионот постои средно техничко училиште кое се наоѓа во Трбовље, каде што студентите се обучуваат во областа на енергетиката. Студентите немаат можност за практична работа, па оттука и спроведувањето на енергетските контроли во домаќинствата ќе биде добредојдено во прилог на нивната наставна програма. Активностите, исто така, ќе им помогнат на организациите кои работат со социјално загрозените лица. Во регионот Помурје,  локалната Агенција за енергетика ЛЕА Помурје ќе дејствува како контакт точка за регионот, каде што со нивното искуство и врски ќе се формира мрежа на локалните актери кои ќе работат кон опаѓање на енергетската сиромаштија. На ваков начин, ќе се обезбеди поддршка за енергетски сиромашните домаќинства во регионите на Словенија кои се во најголем ризик од енергетската сиромаштија.