Проектот е ко-финансиран од
Програмата – Интелегентна Енергија
Европа на Европската унија

Цели

Проектот REACH има две основни цели:

  1. Да ги поттикне енергетски сиромашните домаќинства да преземат активности за заштеда на енергија и да ги сменат сопствените навики во однос на потрошувачката на енергија.
  2. Да се воспостави енергетската сиромаштија како прашање што бара политики и мерки скроени на локално, национално и ЕУ ниво.

Секоја од целите е поддржана со специфични секундарни цели кои овој проект се обидува да ги постигне:

  • да собере податоци за и да ја анализира ситуацијата во поглед на енергетската сиромаштија во четири земји, со цел да се формира дефиниција(и) за енергетската сиромаштија како и соодветни препораки,
  • да ги вклучи и да ги поттикне локалните актери за да се справат со енергетската сиромаштија,
  • да ги поттикне енергетски сиромашните домаќинства да ја намалат сопствената потрошувачка на енергија и вода и да се обезбедат некои од нив со понатамошна поддршка за справување со ваквите проблеми,
  • да се вклучат донесувачите на одлуки во справувањето со енергетската сиромаштија како прашање што бара структурни решенија по мерка, како и да им обезбеди препораки за решавање на проблемот за да се создаде платформа за заедничко дефинирање на структурни решенија на национално и на ЕУ ниво.

Стратешките цели на проектот се:

  • да се овозможат различни пристапи за намалување на енергетската сиромаштија, кои ќе можат да се применуваат и во другите региони, со цел да се започне слична акција и во други земји,
  • да се одржат веќе започнатите локални акции во пилот регионите на подолг рок и да се шират на други заинтересирани локалитети и земји со континуирана обука на енергетски советници во училиштата, континуирана имплементација на посетите, и промовирање на акцијата до различни организации и индивидуи во ЕУ,
  • да се осигура дека енергетската сиромаштија добива структурни решенија на локално, национално и на ниво на ЕУ.