Проектот е ко-финансиран од
Програмата – Интелегентна Енергија
Европа на Европската унија
Крајот на проектот REACH

Проектот REACH дојде до својот крај на февруари 28, 2017. Сите проектни партнери се состанаа на финалниот состанок на 24 Февруари во Задар, Хрватска на кој дискутиравме што сме постигнале за време на трите години додека траеше проектот. Исто така ние ги направивме сите наши публикации на сите јазици достапни на нашата веб страна којашто […]

21.03.2017.

Започна последната фаза на проектот REACH

Во минатиот месец започна последната фаза на проектот REACH во кој активностите се фокусираа на сумирање на резултатите од проектот, како и завршување на теренските активности за распределба на останатите пакети на енергетско ефикасни уреди по енергетски сиромашните домаќинства. Беа обработени податоците од посетите кои беа сумирани како би се воочил ефектот на посетите. Исто […]

27.01.2017.

Набавка на енергетско ефикасни уреди за енергетските сиромашни домаќинства

Во месец ноември и декември активностите на проектот REACH се фокусираа на набавката на енергетско ефикасните уреди за 400 енергетски сиромашни домаќинства кои беа вклучени во проектот. Како дел од уредите, беа набавени штедливи светилки, рефлектирачки фолии, продолжни кабли со прекинувачи, изолациони гумени ленти за прозорци, аератори, и др. Зависно од анализата на потрошувачката на […]

28.11.2016.

Прилог на МИМ

На 26 октомври локалниот координатор на РЕАЦХ проектот Жарко Илиевски, дипл.маш.инж. од МАЦЕФ, учествуваше во снимање на прилог на Македонскиот Институт за Медиуми (МИМ). Целта на прилогот е прикажување на состојбата со енергетската сиромаштија во Македонија, нејзино дефинирање, мерки и начини на нејзино искоренување. Се надеваме дека нивниот прилог, во кој се прикажани и податоците […]

28.10.2016.

Следни активности на проектот REACH

Во рамки на проектот следниот период ќе бидат реализирани следните проектни активности: 1.посети на останатите 150 домаќинства за да се постигне предвидената бројка од 400 домаќинства по регион и 2.изработка на вториот промотивен видео клип за проектот РЕАЦХ во Македонија.

28.09.2016.

Продолжуваат активностите на проектот REACH

Во месец јули продолжија активностите со проектот REACH со посета на енергетски сиромашните домаќинства во град Скопје. За време на месец јули се планирани и остварени посети на околу 250 домаќинства од страна на енергетските советници – ученици од ЕТУЦ „Михајло Пупин“. Освен остварените посети, од страна на енергетските советници се пополнети и обрасците во […]

28.07.2016.

Проект РЕАЦХ – Обука на енергетски советници

На 9 и 10 јуни 2016, во просториите на ЕТУЦ „Михајло Пупин“ се одржа вториот циклус обуки за енергетски советници, којшто е дел од активностите на проектот „Намалување на потрошувачката на енергија и менување на навиките“ (акр.REACH). На оваа обука, која ја изведе тимот на МАЦЕФ, присуствуваа 11 ученици од 2 година на насочено средно […]

29.06.2016.

Сумирање и анализа на податоците добиени од енергетските советници

Во месец август посетите на енергетски сиромашните семејства во град Скопје беа со намален интензитет, заради заслужениот летен одмор на енергетските советници – ученици од ЕТУЦ „Михајло Пупин“. Тимот на МАЦЕФ во месец август направи сумирање и анализа на податоците добиени од енергетските советници. После направента анализа  се добие глобална слика на потрошувачката на енергија […]

28.06.2016.

Петти проектен состанок на проектот РЕАЦХ во Брисел

На 30 и 31 мај минатиот месец, се одржа дводневниот проектен состанок на проектот „Намалување на потрошувачката и менување на навиките“ кој овој пат се одржа во Брисел. Како и на секој досегашен состанок, претставниците на партнерите од четирите земји од ЈИЕ Словенија, Хрватска, Македонија и Бугарија ги изложија досега завршените активности, како и плановите […]

30.05.2016.

Проект REACH- Подготовка на извештајот за напредокот на активностите

Во месец април, активностите на проектот REACH се концентрираа на подготовката на документите од тендерската документација за набавка на енергетско ефикасните уреди кои ќе бидат доделени при посетите на енергетско сиромашните домаќинства. Покрај тоа, во месец април се вршеа подготовките за втората сесија на обуки на енергетските советувачи, ученици од ЕТУЦ  „Михајло Пупин“. Дополнително во […]

29.04.2016.

Пријавени организации на јавниот повик кои работат во областа на социјалните работи

Спроведувањето на проектот РЕАЦХ се одвива според предвидената динамика. Во месец март на јавниот повик се пријавија 3 организации кои работат во сферата на социјалните работи. Понудите беа детално разгледани и на крајот беше избрана организацијата која ќе ги спроведе посетите во сите 400 домаќинства. Се очекува во текот на следниот месец да се спроведат […]

30.03.2016.

Определување на организација која ќе ги придружува енергетските контролори при посета на енергетски сиромашните домаќинства

Минатиот месец беше исполнет со активности на дефинирање на повикот за експерт за социјална работа со кој ќе се определи организацијата која ќе ги придружува енергетските контролори при посетите кои ќе се остварат во енергетски сиромашните домаќинства во месец март, април и мај. Беа подготвени сите документи од повикот и испратени до релевантните организации  кои […]

26.02.2016.

Подготовка на документот “Препораки за борба со енергетската сиромаштија“

Во месец јануари, најголем дел од активностите на проектот REACH беа концентрирани на подготовката на документот „Препораки за борба против енергетската сиромаштија“. Овој документ треба да ги содржи сите релевантни препораки кон државните тела, невладиниот сектор и сите заинтересирани страни кои можат да се вклучат во борбата против енергетската сиромаштија. За неговата подготовка, анализирани се […]

27.01.2016.

Избор на институција и подготовка на договор за експертски услуги во организација на посети на енергетски сиромашните домаќинства

Во месец декември за реализација на работните активности се премина на изработка на тендерска документација за избор на институција и подготовката на договор за експертски услуги во делот на организација на посети на енергетски сиромашните домаќинства. Беа одржани и неколку состаноци со релевантните институции кои работат во секторот на социјална работа со енергетски сиромашни домаќинства […]

29.12.2015.

Активности на проектот REACH

Во месец ноември активностите во проектот REACH беа во целост сконцентрирани на изборот на институцијата и подготовката на договор за експертски услуги во делот на организација на посети на енергетски сиромашните домаќинства. За таа цел, беа одржани неколку состаноци со релевантните институции кои работат во секторот на социјална работа со енергетски сиромашни домаќинства со цел […]

30.11.2015.

Состанок на проектот REACH во Загреб

На 13 и 14 октомври во Загреб се одржа проектниот состанок на партнерите од REACH проектот. На проектниот состанок се разговараше за тековните активности на проектот и за креирање на плановите за ширење на политиките кои ги промовира проектот. Во програмата на состанокот се најдоа и дефинирање на индикаторите кои треба да се постигнат со активностите на […]

24.10.2015.

Промотивни материјали за REACH проектот

Во месец септември беше завршен првиот извештај за активностите на проектот REACH кој што ја прикажува динамиката на остварување на активностите и финансиските трошоци во однос на истите активности. Исто така, беа извршени подготовките за претстојниот состанок на партнерите на проектот кој ќе се одржи во почетокот на октомври во Загреб, Р. Хрватска. Најголемиот дел […]

30.09.2015.

Подготовка на наративни и финансиски извештаи за активностите на проектот

Во месец август активностите на проектот REACH беа насочени кон подготовка на административниот извештај за досегашниот тек на проектот со крајна цел комплетно следење на сите планирани цели и резултати. Во таа насока, од страна на МАЦЕФ беше подготвен наративен извештај за досега постигнатото, како и финансиски извештај за досега користените средства за нормално функционирање […]

30.08.2015.

Акциски план за намалување на енергетската сиромаштија на национално ниво

Активностите на проектот REACH во месецот јули беа фокусирани на подготовка на два документи кои се основа за планирање на подоцнежните активности во проектот. Едниот од документите претставува Акциски план за намалување на енергетската сиромаштија на национално ниво, додека вториот документ претставува Акциски план на ниво на земји учеснички во проектот. Првиот се подготвува од […]

31.07.2015.

Подготовка на потребни документи за целите на REACH

Активностите на проектот REACH изминатиот месец беа реализирани со цел изготвување на потребните документи согласно работниот план. Во таа насока, членовите на МАЦЕФ кои се дел од овој проект ги изготвија редовните полугодишни извештаи за веќе спроведените активности, административните протоколи и соодветните документи од предметната проблематика. Во тек е привршувањето на прирачникот за енергетски советници […]

30.06.2015.

Трет проектен состанок на REACH проектот

Трет проектен состанок на REACH проектот Соодветно на планираните активности, на 13 и 14 мај во хотелот ИБИС се одржа третиот проектен состанок од проектот REACH. На овој состанок присуствуваа претставници на партнерските организации: НВО ФОКУС Словенија, НВО ДООР Хрватска, НВО ЕАП Бугарија и домаќинот Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ. Дводневната програма […]

29.05.2015.

Обуки за енергетски советници во средното стручно училиште „Михајло Пупин“ – Скопје

Во втората половина на месец март, во рамките на проектните активности на проектот „Намалување на користењето на енергијата со менување на навиките“ (кр. REACH) се одржаа неколку двочасовни предавања во присуство на ученици од од средното електротехничко училиште на Град Скопје „Михајло Пупин“. Обуките беа реализирани за надградување на веќе стекнатите знаења од областа на […]

31.03.2015.

Проект REACH – Подготовка на прирачник за енергетски советници

Во месец февруари активностите на проектот REACH беа насочени кон подготовката на прирачникот за енергетски советници со цел негово адаптирање на македонските услови и стандарди. Како дополнителна активност на проектот е и подготовката на планот на предавања за енергетски советници кој ќе се спроведува со присуство на учениците на „ЕТУЦ“ СУГС „Михајло Пупин“ чиешто раководство […]

27.02.2015.

Остварени контакти со социјалните актери

  Активностите на проектот REACH во јануари 2015 се концентрираа на промовирање и повеќестрано ширење на информациите за неговото делување кај организациите и институциите кои работат со социјалните категории на граѓани. Во таа насока, беше остварен контакт со Црвениот крст на Град Скопје, Мобилитас Скопје – здружение за хендикепирани лица, и неколку пензионерски организации на […]

31.01.2015.

Колку е длабока енергетската сиромаштија во Бугарија, Хрватска, Македонија и Словенија?

Достапноста на податоците од областа на енергетската сиромаштија претставува предизвик за сите земји кои што се опфатени со проектот REACH. Анализата на состојбата или е недостапна или пак е застарена. Од оваа причина партнерите од проектот REACH ја започнаа својата работа со собирањето на податоци за Бугарија, Хрватска, Македонија и Словенија. Детално беа разгледани информациите […]

30.01.2015.

Достапни комуникациски алатки за проектот REACH

Доколку ви се потребни повеќе информации за проектот кои се во погодна форма која е корисна за комуникација, истите можете да се превземат: претставување на проектот на англиски, македонски, хрватски, словенечки и бугарски јазик; брошура со информации за проектот на англиски, бугарски, хрватски, македонски и словенечки јазик; локални комуникациски алатки кои се наменети за: областа […]

30.01.2015.

ПОЧНАВМЕ ДА ДЕЛУВАМЕ!

Настанот во Љубљана, наречен „Енергетска сиромаштија во Европа: состојба и решенија“, го одбележа стартот на проектот REACH. Овој настан, организиран во рамките на REACH проектот, одржан на 24 април 2014 година, имаше за цел размена на информации, знаења и искуство од областа на енергетската сиромаштија на ниво на ЕУ, но со фокус на некои од […]

30.01.2015.

Споделување на знаењата и достигнувањата на ЕУ во поглед на енергетската сиромаштија

Се претпоставува дека помеѓу 50 и 125 милиони граѓани на ЕУ (околу 10-25%) се енергетски сиромашни. Ситуацијата е уште потешка во Источна Европа: 30% или дури и повеќе домаќинства се борат со енергетската сиромаштија. ЕУ работи за решавање на проблемот со енергетската сиромаштија, но некои важни елементи се уште се непознати, како што е на […]

30.01.2015.

Eнергетската сиромаштија во пилот регионите

Утврдување на вистинските домаќинства, начините и каналите за пристапување до нив и ангажирање на вистинските актери е важен предизвик. Локалните состојби се разликуваат и тоа е причината зошто на секоја од целните области и треба соодветно истражување. REACH партнерите се здружија со локалните актери за да дознаат што функционира најдобро за секој од пилот регионите. […]

30.01.2015.

Oбука на партнерите за реализација на енергетското советување по домаќинствата

Со цел да се споделат знаењата и вештините за енергетското советување меѓу партнерите на REACH проектот како и да се изгради нивниот капацитет за спроведување на обуки на национално ниво, беше одржана еднодневна обука во Љубљана на 25 април 2014 година. Оваа обука беше отворена и за повеќе заинтересирани претставници кои главно доаѓаат од земјите […]

23.09.2014.